Валенсија го доведе португалскиот репрезентативец Елдер Постига. Во последната сезона напаѓачот играше за Реал Зарагоза.
Валенсија ќе плати 3,1 милиони евра за трансферот на 31-годишниот ветеран, кој постигна 23 гола за шпанскиот тим во последните две сезони.
Постига ќе го замени кај “лилјаците” Роберто Солдадо, кој беше продаден на Тотенхем.