Јемен: Итна евакуација на Американци

Од:

Властите во САД издадоа наредба за итна евакуација на нивните граѓани од Јемен, поради можност за терористички напади и граѓански немири.

Како што соопшти Стејт департментот во прашање е екстремно висок степен на ризик и државата би требало да ја напушта сите граѓани на САД.

Уставните американски администрации во странските држави се евакуираат само кога не постои друга алтернатива.

На оние кои што не сакаат да го напуштат Јемен им е препорачано максимално да го ограничат движењето.

Како што објави „Њујорк тајмс“ известувачите на САД ја откриле наредбата на лидерот на Ал Каеда, Ал Завахриј кој на своите борци им рекол да изведат напад во Јемен.

Поради опасност од напад, амбасади во Јемен ги затворија и Франција, Германија, и Велика Британија, која денес објави дека ќе ги повлече сите свои лица.

Властите на САД поради заканите на Ал Каеда одлучија до 10-ти август да ги затворат 19-те амбасади на Блискиот исток и во Африка.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида