На Синиша Михајловиќ му се врати леукемијата

Од:

Синиша Михајловиќ на прес-конференцијата објави дека оди на лекување бидејќи било откриено дека му се враќа леукемијата. На тренерот на Болоња првпат му беше дијагностицирана леукемија во летото 2019 година, но по хемотерапија и трансплантација на коскена срцевина успеа да се опорави. Сега вели дека оди на терапија за уништување на болеста уште во зачеток.

„Оваа болест е многу храбра штом повторно напаѓа некој како мене. Ако првата лекција не беше доволна, ќе и дадам уште една. Тоа е живот полн со подеми и падови, дупки во кои може да паднете, но мора секогаш најдете сила повторно да станете“, рече Михајловиќ.

“Од следната недела ќе бидам примен во клиниката Сант Орсол. Знам дека сум во добри раце. Помирен сум од пред две и пол години. Знам што треба да правам, ситуацијата е поинаква и се надевам нема да трае“, рече Михајловиќ и додаде:

Ќе дадам се од себе за да се вратам што е можно поскоро, но ќе морам да пропуштам неколку натпревари. Веќе имам се што ми треба во собата за да можам да ги следам тренинзите и натпреварите. Сигурен сум дека моите момци нема да ме изневерат. Ќе се борам со нив и сигурен сум дека ќе се борат за мене. Би ги замолил навивачите на Болоња да ги поддржат и наскоро ќе се вратам“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Громогласен аплауз, песни и факли: Плејада великани се простуваат од Михајловиќ

А1он

ВИДЕО: Луѓе во колони чекаат да се простат од Синиша Михајловиќ

Ана Ололовска

Ерос Рамацоти: Брате, ќе ми недостигаш

Ана Ололовска

Ќерката на Михајловиќ објави фотографија со татко и од болница

Ана Ололовска

Ќерката на Синиша Михајловиќ со потресна слика од болница: Тато ми треба твојата прегратка

Ана Ололовска

Сопругата на Михајловиќ испрати трогателна порака

Ана Ололовска