Актуелниот претседател на Франција, Емануел Макрон, останува фаворит во анкетите пред претседателските избори закажани за 10 и 24 април.
Последните резултати од истражувањето на јавното мислење покажува дека за Макрон би гласале околу 28 отсто од гласачите, пред кандидатката на крајната десница, Марин Ле Пен, која би ја имала поддршката на 20 отсто од гласачите.
Трет би бил кандидатот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон со 14 отсто од гласовите, со тоа што неговата популарност е во пораст во последните недели.
Десничарскиот кандидат Валерис Пекресе, кој до неодамна се сметаше за сериозен кандидат за Макрон, би освоил 11 отсто од гласовите додека опаѓа популарноста на кандидатот на екстремната десница Ерик Земур за кој би гласале помалку од десет отсто од Французите со право на глас.
Новите анкети покажуваат дека би можела да се повтори ситуацијата како и на претходните избори одржани во 2017 година, кога во втор круг влегоа Макрон и Ле Пен, а Макрон убедливо победи во вториот круг од изборите.
Според париски „Монд“, падот на популарноста на Земур е последица на тоа што кандидатот на екстремната десница негира дека имало депортација на хомосексуалци за време на Втората светска војна. Земур во неговата последна објавена книга пишува дека депортацијата на луѓе со различна сексуална ориентација е само приказна.
Популарноста на Земур опаѓа и од почетокот на руската инвазија на Украина, поради неговите позитивни ставови за рускиот претседател Владимир Путин и искажаната недоследност по прашањето за прифаќање украински бегалци. Земур често беше прогонуван заради неговите контроверзни изјави. Во 2011 година беше заради поттикнување расна дискриминација, а во 2018 година за поттикнување омраза.
Извор: МИА