Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Тихиот Океан во близина на префектурата Фукушима, соопшти главната метеоролошка служба на Јапонија.
Епицентарот се наоѓал на длабочина од 50 километри и не е објавено предупредување за цунами.
Подземни земјотреси се почувствувани во 16 префектури.
Минатиот четврток во истото подрачје беше регистриран силен земјотрес од 7,3 степени.
Извор: МИА