Партијата за Економски Промени 21 (ПЕП 21) реагира дека може да се разбере молчењето на Власта за сечата на дрвјата со оглед дека ги гради објектите на местото пред Бристол, но дека е чудно е што партијата на зелените и претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска премолчеа уште еден масакр.
-ПЕП 21 очекува, претседателот на ДОМ, Лилјана Поповска јавно и јасно да каже кој е нејзиниот став, мислење и делување за зеленилото во град Скопје, реагираат од партијата.
Претседателот на Партија за Економски Промени 21 – ПЕП 21, Билјана Јовановска ја повикува Лилјана Поповска, претседател на ДОМ да пројави интерес за случувањата во врска со зеленилото во град Скопје и да собере “храброст” и “дозвола” и вечерва да присуствува на протестот пред Бристол и да одговори на реакциите, прашањата и барањата на граѓаните.
-Г-ѓо Поповска, ако во останатите земји партиите на зелените се најактивни, најзасегнати и најбунтовни кога станува збор за заштита на зеленилото, дали на Вас и Вашата партија која во принцип треба да значи партија на зелените можеби ви пречи зеленилото или пак во суштина вие сте друга партија, а поради случајност или потреба името на партијата останува да постои, реагира Билјана Јовановска, претседател на ПЕП21.