Иран: Нуклеарниот договор „поблиску од кога било досега“

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан изјави денеска дека Исламската Република и светските сили се поблиску од кога било до обновување на нуклеарниот договор од 2015 година.

– Доколку САД се прагматични, ние сме подготвени министрите за надворешни работи на земјите од заедничката комисија за нуклеарниот договор да се соберат во Виена и да го финализираат договорот, истакна Амирабдолахиан на прес-конференција со сирискиот колега Фајсал Мекдад.

– Веруваме дека денес сме поблиску до договор во Виена од кога било досега, нагласи шефот на иранската дипломатија.

По 11 месеци преговори, и Иран и САД сега тврдат дека топката е во полето на противникот.

Стејт департментот вчера соопшти дека договорот не е блиску и е неизвесен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран доби одговор од САД околу договорот за иранската нуклеарна програма

Ана Ололовска

ЕУ го разгледува одговорот на Техеран за обнова на договорот за иранската нуклеарна програма

Ана Ололовска

Иран поднесе предлози за обновување на нуклеарниот договор

Ана Ололовска

Стејт департмент: Договор за иранската нуклеарна програма можен без дополнителни условувања

Ана Ололовска

Иран подготвен да го прифати предложениот текст за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година

Ана Ололовска

Во Виена завршија преговорите за иранскиот нуклеарен договор, се чека одобрување

Ана Ололовска