„Замокот на Дракула“ оствари добивка од 1,2 милиони евра

Од:

Музејскиот комплекс „Бран“ во Романија, попознат како „Замокот на Дракула“, минатата година на сопствениците од кралската династија Хабсбург им донел добивка од 1,2 милиона евра, јави ИТАР-ТАСС.


Како што денеска компанијата што управува со комплексот, од вкупните приходи во износ од два милиона евра, чистата добивка е 1,2 милиона евра.


„Замокот на Дракула“ е на второ место на листата на списанието „Форбс“ на најскапи замоци во светот, а неговата вредност се проценува на 140 милиони евра.


Вредноста на замокот што се наоѓа недалеку од романскиот град Брашов, во последните три години нарасна за повеќепати, а пред се откако државата му го врати на сопственикот, надвојводата Доминик де Хабсбург.


„Замокот на Дракула“ е најпосетувамиот туристички објект во Романија, со над 500.000 посетители годишно, од кои повеќето се странци. Меѓу посетителите на замокот биле и Кевин Костнер, Николас Кејџ, Куба Гудинг Џуниот и други познати личности.

Би можело да ве интересира

ФОТО: Уловена вампир риба во Скадарското езеро

Емир Латифовиќ

ФОТО: Како Србите гледаат на Македонија

Емир Латифовиќ

Во село Стојаково трка со магариња по повод Денот на трудот

Емир Латифовиќ

ФОТО: Љубовта не познава граници, девојка од Карибите се омажи за тетовчанец

Емир Латифовиќ

Светот подобро место за живеење ако политичарите се претежно жени

Емир Латифовиќ

Што прават работодавците пред да Ве повикаат на разговор за работа

Емир Латифовиќ