Медведев: Западот се однесува како „слон во продавница за порцелан“

Од:

Западните партнери, понекогаш, се однесуваат како „слон во продавница за порцелан“, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев коментирајќи ја ситуацијата на Блискиот Исток.

Тој наведе дека случувањата во Либија и обвинувањата на Моамер Гадафи „како што се гледа неколку години подоцна, воглавно, не се поткрепени со никакви докази“ и оти „нешто слично сега се случува во Сирија“, а претходно истото беше во Ирак.

– Мислам дека тоа што се случи тогаш и што сега се случува ја оправдува борбата за национални интереси, права и слобода. Но, тоа всушност е, присилно уништување на политичкиот систем на една земја, мешање во внатрешните работи и постаување на на лојален политички режим. Од тоа не произлезе ништо добро, истакна Медведев во интервју за руската телевизија на англиски јазик „Раша тудеј“.

Тој истакна дека ситуацијата во Ирак е нестабилна и оти десетина луѓе гинат секој ден, Либија е поделена во војната и оти постојат региони во кои власта не успеала да воспострави контрола, додека Сирија е на работ на слична војна.

– Нашите западни партнери, понекогаш се однесуваат како слон во продавница за порцелан, ќе влезат внатре, се ќе искршат и потоа не знаат што понатаму. Ако сакаме да бидеме целосно искрени, што Арапската пролет донесе на арапскиот свет? Дали донесе слобода? Во најдобар случај малку. Во поголемиот број земји доведе до бесконечно крвопролевање, промена на режимот и постојани немири, заклучува Медведев.

Би можело да ве интересира

Загина пилот на руски бомбардер, Украинците велат „Ги убиваше нашите деца“

А1он

Јулија Навална ќе се кандидира за претседател на Русија

А1он

Нападнат е Киев: Кличко итно се огласи

Русите тврдат дека погодиле воена база во Украина, има загинати и ранети

Украина лансираше 110 дронови кон Русија во текот на ноќта

Русија изврши нов голем воздушен напад врз Украина

Горан Наумовски