Четворица кинески судии суспендирани поради секс со проститутки

Од:

Судот во Шангај суспендираше четворица судии по наводите дека посетувале проститутки, соопштија кинеските медиуми, во најновиот скандал што е разоткриен благодарение на Интернетот.

Судот покрена истрага откако анонимен блогер, потпишан само со презимето Ни, минатата недела постави он лајн фотографии на кои се гледаат петмина судски претставници во друштво на проститутки.

Високиот народен суд во Шангај соопшти дека на сервисот „Тенцент веибо“ – социјална мрежа слична на Твитер, Чен Суеминг, главен судија на Првиот граѓански суд и уште тројца судии се суспендирани.

Судот претходно соопшти дека Жао Мингуа, заменик-судија, бил меѓу споменатите на блогот на Ни.

Ни тврди дека Жао интервенирал во граѓанската парница со која му е направена голема материјална штета, објави денеска весникот „Глобал тајмс“.

Тој една година го следел Жао, наведува весникот и додава дека Ни „открил дека судијата често заминува во ноќни клубови, има неколку станови и одржува вонбрачни врски“.

– Учеството на четворицата судии во ноќниот клуб го лишува правосудниот систем од достоинството, го става на столбот на срамот и нанесува штета на правдата, се наведува на Интернет страницата на судот.

Комисијата спроведе истрага за да го зачува имиџот на партијата и на Владата и да одржи стабилен политички, економски и социјален развој на Шангај, се наведува на сајтот и се додава дека јавноста ќе биде запознаена со резултатите од истрагата.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио