Во рудник за јаглен во Зеница синоќа загина еден рудар, а шестмина се повредени.
Од болницата во Зеница потврдија дека во несреќата се повредени шест рудари, од кои петмина се во тешка здраствена состојба.
Претставник на Синдикатот на рударите изјави дека несреќата била предизвикана кога големо парче јаглен се одронило во окното.