Засилени полициски мерки во Турција во врска со процесот Ергенекон

Од:

Во Истанбул и околината се преземени засилени мерки за безбедност поради опасност од можни антивладини демонстрации.

Во затворот Силиври денеска е предвидено да бидат изречени пресудите против учесниците во групата Ергенекон која беше обвинета за заговор за симнување од власт на владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Војници се распоредени во реонот на градот Силиври каде се наоѓа затворот и во кој е поголема група од обвинетите. Воени патроли ја контролираат трансевропската магистрала. Дел од патиштата кои водат кон Силиври се затворени за сообраќај. Засилени се и полициските тимови за патролирање. Подготвени се оклопни возила со солзавец.

Опозицијата и луѓе преку социјалните мрежи повикаа пред неколку дена масовно да се протестира во Силиври против Владата.

Процесот Ергенекон за наводен преврат против владата почна во 2007 година. Обвинети се 275 луѓе, меѓу кои генерали, новинари и пратеници, околу 60 луѓе се в затвор, некои од 2007 година. Меѓу обвинетите е и поранешниот началник на ГШ Илкер Башбуг кој е обвинет за тероризам. 

Би можело да ве интересира

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски