Горан Пандев е во супер форма, тој го постигна и четвртиот гол во подготвителниот период за Наполи, денеска погоди против Порто од пенал во 43. минута откако врз него беше направен прекршок во казнениот простор.
Сепак Наполи загуби со 3:1, на натпревар во рамките на „Емирати Купот“.
Потсетуваме, вчера Пандев постигна убав гол против Арсенал, претходно се запиша во листата на стрелците против Капри и Галатасарај.