Руските истражни органи покренаа обвинение против Дмитри Павличенко, полициски службеник во пензија поради сомневање дека помогнал во организирањето на убиството на новинаркатаа Ана Политиковскаја во 2006 година пред лифтот во зградата во која живеела во Москва.
Убиството на новинарката позната по истражувачките стории и острите ктитики за политиката на Кремљ во Чеченија од почетокот го поттикна сомнежот дека е вмешана власта.
За убиството досега се обвинети шестмина, но истражителите досега го немаат идентификувано нарачателот на убиството.