Џулијана Смит: Зоната на забранети летови би било невзможно да се оддржува кога Русија испраќа летала од своја територија

Од:

Воздушниот напад на 15 километри од границата со Полска беше со бомбардер кој полетал од руска територија, затоа се поставува прашањето колку воспоставување зона на забранети летови над Украина би било ефикасно, изјави денеска Џулијана Смит, амбасадор на САД во НАТО.

-Зоната на забранети летови би било невзможно да се оддржува кога Русија испраќа летала од своја територија, истакна таа на денешниот брифинг за новинарите.

Според неа, огромната помош што Украина ја добива во висина од 13 милијарди долари, веќе од одобрена од Конгресот, засега е единствениот начин со кој може да се асистира на земјата.

-Претседателот Бајден одобри итна воена помош за Украина во висина од 200 милиони долари за набавка на одбранбени средства како противтенковски и противвоздушни лансери, изјави амбасадорката.

Половина од 13 милијарди е за воена помош и вклучува 3.65 милијарди долари за трансфер и продажба на оружје и 3 милијарди долари за поддршка со доп0лнителни американските војници во Источна Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски