Иако младиот Данец веќе беше виден како ново засилување на Ливерпул, сепак кариерата би можел да ја продолжи во Тотенхем како што пренесуваат англиските медиуми, услов за ова е Бејл да премине во Мадрид.
Кристијан Ериксен има договор со холандскиот шампион до 2014, па така управата на Ајакс нема многу време ако сака да заработи на Данецот.
Во Амстердам чекаат “минута до 12” во овој преоден за да можат од него што повеќе да заработат.
Тренерот на Ајакс, Франк Де Бур, неодамна изјави дека Ериксен е блиску до преминување на Енфилд, но Тотенхем може да му ги расипе плановите на Ливерпул.
Доколку “петлите” го продадат Бејл во Реал Мадрид ќе добијат огромна сума на пари
Па така Ериксен би бил многу поблиску до преселување во Лондон.
Ливерпул и Ајакс според некои извори се договорија за обештетување од 15 милиони евра, но Тотенхем поради продажбата на Бејл ќе биде во можност да понуди повеќе.