Рускиот план за нападот не функционира, изјави за Би-Би-Си, британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.
– Требаше да биде многу лесно, требаше да биде некаква молскавична војна каде руските војници ќе ја преплават Украина, истакна Клеверли.
Но, наместо тоа, „она што го гледаме е жестока украинска одбрана, што е неверојатно фрустрирачки за Владимир Путин“, смета британскиот министер.
Запрашан дали војната ќе заврши до мај, како што наведуваат некои украински официјални лица, Клеверли одговори дека „неверојатно тешко“ е да се прават такви предвидувања. Но, како што нагласи министерот, Велика Британија мора да се погрижи Путин да не успее во Украина.
Извор: МИА