ВИДЕО: Пандев погоди против Арсенал

Од:

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев продолжува со добрите игри во дресот на Наполи во летниот подготвителен период. По постигнатите голови на средбите со Капри и Галатасарај тој уште еднаш реализира и ја истакна кандидатурата за место во стартниот состав на тренерот Рафаел Бенитез.

Пандев попладнево во натпревар од „Емирати Куп“ во Лондон, во 29. минута го постигна вториот гол за „наполитанците“ во дуелот против домашниот Арсенал за водство во тој момент од 2:0.
Премиерлигашот до крајот успеа да постигне два гола за конечни 2:2.

На првата средба од овој турнир Галатасарај го победи Порто со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Фелипе Мело од пенал во 70. минута.

Португалскиот тим промаши два удари од белата точка и не успеа да избегне пораз.

Утре Наполи игра против Порто, додека Арсенал се среќава со Галатасарај.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ