Жена демонстрант ја прекина главната информативна програма на рускиот Прв канал со транспарент со кој ги повикува гледачите „да не веруваат во пропаганда“ и „да ја прекинат војната“ во Украина.
Паролата беше напишана на англиски и на руски јазик.
Невладината ОВД-Инфо ја претстави жената како Марина Овсијаникова, вработена во тој медиум.
A woman burst onto Russia’s main live evening newscast today with a sign that says:
“Stop the war
Don’t believe propaganda
They’re lying to you”And chanting: “Stop the war! No to war!”pic.twitter.com/pKVKZFVEM3
— max seddon (@maxseddon) March 14, 2022
Додека водителката Екатерина Андреева ги читала вестите, зад неа се појавила Овсијаникова со транспарент на кој пишувало: „Не за војна. Не верувајте во пропагандата. Овде ве лажат“.
Водителката продолжила да ги чита вестите неколку секунди, а потоа мрежата брзо преминала на репортажа и го прекинала преносот во живо од студиото.
Сцената се случила за време на вечерната информативна програма „Времија“ на Првиот канал, која секојдневно ја следат милиони Руси.
„Отворена е внатрешна истрага за инцидентот“, соопшти телевизијата.
ОВД-Инфо соопшти дека Овсијаникова е уапсена и приведена во полициска станица.
Неодамна во Русија беше усвоен закон со кој се казнува со тешки казни – до 15 години затвор – она што власта го смета за „лажни информации“ за армијата.
ОВД наведува дека повеќе од 14.100 луѓе се приведени поради изразување несогласување со одлуката на Русија да започне инвазија на Украина на 24 февруари.