На музичкиот фестивал „Кендал Колинг“, се собрале вкупно 867 мажи, жени и деца облечени како популарниот стрип јунак, Супермен.
Целта било да се собори рекордот во Гинис, и да се соберат пари за фондацијата „помогнете им на хероите“, која помага на повредени униформирани лица.
– Ова беше навистина супер обид и задоволен сум со луѓето кои дојдоа. Сите го носат Кларк Кент во себе – изјавила Терја Пурга, судија во Гинисовата книга на рекорди.