Во 37 руски градови денеска се приведени повеќе од 800 луѓе, кои демонстрирале против руската инвазија врз Украина, соопшти невладината организација ОВД-Инфо, специјализирана за следење на демонстрации.
Руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во Москва денеска се приведени речиси 300 луѓе поради „кршење на јавниот ред“.
Пацифистите во Русија, и покрај забраната за собири и демонстрации, секојдневно протестираат и ја осудуваат воената интервенција во Украина. Тие се соочуваат со парични и затворски казни.
Според ОВД-Инфо од 24 февруари, кога почна инвазијата врз Украина, во Русија се приведени најмлаку 14.700 луѓе се приведени во Русија.
Извор: МИА