ВИДЕО: Во масовна гробница во близина на Киев погребани 67 цивили

Од:

67 цивили беа закопани во масовна гробница во Буча, Украина, во близина на Киев, област која беше место на жестоки борби. Видеото објавено од новинската агенција UNIAN покажува тела во црни пластични кеси како се пренесуваат од камион во јама. Во позадина е црквата.

Лекарот рекол дека не се идентификувани сите жртви, пишуваат украинските медиуми.

Претходно, видеото на кое се прикажува масовна гробница во опколениот град Мариупол се најде на насловните страници ширум светот и ги покажа последиците од руската инвазија која започна на 24 февруари.

ОН неодамна објавија дека загинале повеќе од 570 цивили, но украинската влада смета дека бројот на загинати е многу поголем.

Речиси 125.000 луѓе се евакуирани преку хуманитарни коридори од конфликтните зони во Украина, рече претседателот Володимир Зеленски во видео обраќањето денеска.

Би можело да ве интересира

Контрамерка на Путин: Дозволи користење на американскиот имот како обештетување за Русија

ВИДЕО: Русија почна вежби со тактичко нуклеарно оружје

ВИДЕО: Војната во Украина е во брутална фаза

Катерина Ѓуровски

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски