Руските сили го киднапираа градоначалникот на јужниот град Днипрорудне, Јехвен Метвејев, објави украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.
Кулебаје рече дека Метвејев бил киднапиран од „руски воени злосторници“.
Today, Russian war criminals abducted another democratically elected Ukrainian mayor, head of Dniprorudne Yevhen Matveyev. Getting zero local support, invaders turn to terror. I call on all states & international organizations to stop Russian terror against Ukraine and democracy. pic.twitter.com/jEPTBTLikY
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) March 13, 2022
„Напаѓачите не добиваат никаква локална поддршка, па се свртуваат кон терор. Ги повикувам сите држави и меѓународни организации да го запрат рускиот терор против Украина и демократијата“, напиша Кулеба.
Ова е втор украински градоначалник за кој украинските власти тврдат дека бил киднапиран од руските сили. Во петокот, според Украина, бил киднапиран градоначалникот на Мелитопол.