Компанијата PayPal соопшти дека ги суспендира услугите за испраќање и примање плаќања во Русија.
– Со цел да се минимизираат можните дополнителни прекини на услугите, ве молиме да го повлечете салдото од вашата сметка до 18 март 2022 година, се наведува во соопштението на PayPal.
Поголем број западни компании ја прекинаа соработката со Русија поради инвазијата врз Украина.
Извор: МИА