Британското Министерство за одбрана објави нова мапа на руски напади и напредок.
Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 март, убиени се околу 1.300 украински војници, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Досега се убиени околу 1.300 наши војници и повеќе од 12.000 војници од Русија“, изјави Зеленски за странските новинари.
Соединетите Држави процениле во четвртокот дека меѓу 5.000 и 6.000 руски војници биле убиени во инвазијата врз Украина, а Русија признава дека загубила 500 војници.