Во текот на ноќта и рано наутро се слушнаа силни експлозии во украинскиот град Миколаев, каде што украинските сили успеаја да го одбијат напредувањето на руските војници долж брегот на Црното Море.
Video appears to show artillery shelling in Mykolaiv. Ukrainian officials reported today that Russian artillery had damaged several buildings in the city.
Live updates on the war in Ukraine: https://t.co/cz5NTchyMw pic.twitter.com/Cw5sTVCl3h
— Sky News (@SkyNews) March 12, 2022
Се чини дека повеќе пукаат Украинците кои се обидуваат да ја задржат руската војска на источната страна од градот. Сепак, има наводи дека руски гранати погодиле голем број цивилни населби, пишува Би-би-си.
„Тие користеа касетни бомби и повеќе ракетни системи во нападот на североисточниот дел на градот“, рече Анастасија Алексиева, која помага во организирањето на цивилни доброволци во Миколаев.
Таа рече дека осум цивили се повредени.