Единствениот маж кој разбрал како функционира женскиот мозок!

Од:

Всушност никогаш не ги разбирав разликите во интимните потреби помеѓу мажите и жените, да бидам искрен ни тие разлики помеѓу Венера и Марс.

А исто така никогаш не разбрав зошто мажите размислуваат со главата, а жените со срцето.

Пример: Една убава вечер, бев со жената во кревет. Страста почна да се распламтува… И таа одеднаш рече „Не можам денеска, не сум расположена… Би сакала само да ме држиш во рацете“. избезумив, но смирено и реков „Ама што е сега ова?!“, а таа тивко кажа една реченица од која секој маж на планетава се плаши: „Ти едноставно не разбираш, моите емоционални потреби кои ги имам како жена, за да ги задоволам твоите физички потреби кои ги имаш како маж“.

На мојот глупав поглед, таа рече: „Зарем не можеш да ме сакаш ваква каква што сум, а не поради тоа што го правиме во кревет“.

Сватив дека таа вечер нема да биде ништо, се свртев на другата страна и заспав.

Следниот ден се јавив на работа им кажав дека ми треба слободен ден за да го проведам со сопругата.

Прво имавме романтичен ручек, потоа отидовме во неколку трговски центри на шопинг.

Проба неколку скапи фустани и комплети, а бидејќи не можеше да одлучи кој да го земе, и реков да ги земе сите три. А сакаше и штикли, а бидејќи сите беа различни и требаа три пара, и реков „Па злато земи три пара“. Потоа отидовме во одделот за накит, и се допаднаа дијамнтаски обетки, па си реков, земи ги слободно, не можам да ви објаснам колку беше возбудена, а сигурно помислуваше дека сум на раб на банкрот.

Веројатно го тестираше мојот праг на толеранција кога посака патики за тенис, а никогаш во животот не држела рекет во рацете. А веројатно помисли дека ја зафркавам кога и реков „Секако драга, слободно земи ги“, од големата возбуда, беше на праг на оргазам.

Насмеана тргна кон касата со зборовите: „Мислам дека тоа е се“.

Едвај издржав да не пукнам од смеење кога и кажав: „Не можам денеска, не сум расположен“.

Лицето и побеле, долната вилица и се спушти до колениците: „ШТО!?“.

На што и реков: „Сакав само да ги држиш тие работи во рацете… Ти едноставно не разбираш, моите финансиски проблеми кои ги имам како маж, за да ги задоволам твоите куповни потреби кои ги имаш како жена“.

И баш кога сакаше да ме убие со погледот и реков: „Зарем не можеш да ме сакаш ваков каков што сум, а не поради тоа што ти го купувам“.

Преземено од Хабер

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ