Руските напади продолжуваат на местата каде што се планира евакуација на цивили, соопштија гувернерите на регионот Киев и Доњецк, пренесува Ројтерс.
Направени се планови за отворање на хуманитарни коридори и евакуација на луѓето од градовите под руски напад – вклучувајќи го и Мариупол, кој се наоѓа во регионот на Доњецк.
„Ситуацијата е комплицирана, има постојано гранатирање“, изјави гувернерот на Доњецк Павло Кириленко за локалните медиуми.