Новите сателитски снимки покажуваат куќи како горат додека руските војници напредуваат поблиску до Киев. Може да се забележат и долги редици автомобили кои се обидуваат да побегнат од главниот град на Украина.
Сликите од Maxar се чини дека сугерираат дека руските воени единици „активно пукаат со артилерија во станбени области“, пишува Sky News.
Во Мошун, град северозападно од Киев, забележани се големи штети и кратери од удари, а пожарите продолжија да горат на аеродромот Хостамел, познат и како аеродром Антонов.