Министерството за одбрана на Обединетото Кралство соопшти дека поголемиот дел од руските копнени сили моментално се на околу 25 километри од центарот на главниот град на Украина, Киев.
„Борбите северозападно од Киев продолжуваат со помош на руските копнени сили сега на околу 25 километри од центарот на градот“, соопшти Министерството, пренесе Си-Ен-Ен.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 12 March 2022
Find out more about the UK government's response: https://t.co/UIDAtnUZ80
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/3eqsm7jHwU
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) March 12, 2022
„Руските колони северно од Киев се распрснаа. Ова веројатно ќе го поддржи обидот на Русија да го опколи градот. Тоа може да биде и обид на Русија да ја намали својата ранливост на украинските контранапади кои направија значителен данок на руските сили“, додаваат тие.
Освен Киев, клучните градови како Харков, Чернихив, Суми и Мариупол сè уште се опколени од руски сили, соопшти британското министерство.