Централната банка на Русија објави дека Русите кои добиваат трансфери на пари од странски банки можат да подигнуваат готовина само во рубљи, пренесува Хина.
Тоа е нов обид на Русија да се справи со западните санкции.
Банката соопшти дека новата привремена мерка ќе стапи во сила денеска. Не е прецизирано колку долго ќе трае.
Извор: МИА