Велика Британија одлучи да испрати противвоздушни ракети Starstreak во Украина, пишува Defence News.
Секретарот за одбрана Бен Валас вчера им рече на пратениците дека владата размислува да испрати Starstrakes, но подоцна потврди дека веќе е донесена одлука. Валас, исто така, во Парламентот соопшти дека Британија ќе и испорача на Украина ограничен број на противтенковски ракети.
„Веруваме дека овој систем ќе остане во рамките на дефиницијата за одбранбено оружје, но ќе им овозможи на одбранбените сили подобро да го бранат небото“, рече Валас.
Starstreak е систем за противвоздушна одбрана дизајниран да обезбеди противвоздушна одбрана од хеликоптери, нисколетачки авиони со фиксирани крила и беспилотни летала. По лансирањето, ракетата забрзува до повеќе од четири Маха, што ја прави најбрзата ракета земја-воздух со краток дострел во светот.