Германија се повлече од договорот за размена на податоци со Велика Британја, САД и Франција

Од:

Германија денеска соопшти дека решила да се повлече од договорот за размена на податоци меѓу тајните служби, склучен со Велика Британија, САД и Франција во 60-те години на минатиот век, како резултат на скандалот со прислушувањето на комуникациите од страна на амероанските разузнавачки аганеци, што го обеллодени соработникот на НСА, Едвард Сноуден.

– Раскинувањето на административниот договор е нужна и логична последица на дебатата за заштита на неприкосновеноста на личниот интегритет, изјави германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле.

Германскиот канцелар Ангела Меркел, во пресрет на септемвриските парламентарни избори, се најде под притисок од опозицијата да обелодени каква е улогата на нејзината Влада во следењето на комуникациите на државјаните на Германија од страна на американските тајни служби.

Германската Влада тврди дека никогаш не им одобрила на американските и на британските разузнавачки служби „да ги кршат законите кои ја штитат неприкосновеноста на личниот интегритет во Германија“.

Берлин сепак призна дека постои договор склучен за време на Студената војна, со кој Велика Британија, САД и Франција можат да побраат од германските власти дозвола за спроведување на операции за следње во Германија во интерес на заштита на нивните војници стационирани на германска територија.

Би можело да ве интересира

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ