Бројот на луѓе кои побегнале од Украина се зголеми за повеќе од 140.000 во изминатите 24 часа, соопшти Агенцијата за бегалци на Обединети нации (УНХЦР).
Според бројките на ОН објавени денеска повеќе од 2,15 милиони избегаа од руската инвазија што почна на 24 февруари.
На интернет страницата на УНХЦР се наведува дека 2.155.271 луѓе побегнале од Украина, што е за 143.959 лица повеќе од вчера.
Се претпоставува дека со напредувањето на руската армија ќе се зголеми бројот на бегалци од Украина.
Пред рускиот напад над 37 милиони луѓе живееле на украинска територија под контрола на централната Влада.
Извор: МИА