Компанијата Maxar Technology објави нови сателитски снимки.
Според Скај њуз, на снимката изгледа се гледа руски конвој во близина на аеродромот Антонов, недалеку од Киев.
Втората снимка го прикажува урнатиот мост во Ирпин, кој се наоѓа на периферијата на Киев.
Скај њуз заклучува дека тоа би можело да сугерира дека Русите продолжуваат да вршат притисок врз Киев по бавниот напредок кон главниот град во изминатите две недели.
Фото: Maxar