Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, при положувањето цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“ ја обвини владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ дека си го присвојува државниот празник Илинден промовирајќи ја преку него својата национална идеологија.
Сакаме само да ја изразиме нашата огорченост од партизацијата на овој голем македонски празник затоа што сметаме дека прославата на Илинден е партизирана, сметаме дека Илинден е празник на сите македонски граѓани без разлика на нивната национална и верска припадност – изјави Ангелов.
ВИДЕО: 24 Вести