Започна евакуацијата на цивилите од североисточниот украински град Суми и Ирпин, во близина на Киев, соопштија официјални украински извори, пренесува Ројтерс.
Украинските медиуми објавија видеа од луѓе кои се качуваат во автобуси за да го напуштат градот Суми, пренесе Интерфакс.
Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека руските сили во Украина го почитувале прекинот на огнот од 8 часот наутро и дека се отворени „хуманитарни коридори“ за евакуација на жителите на Киев и четири други украински градови, Чернихив, Суми, Харков и Мариупол, јави руската новинска агенција Интерфакс.