Украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков денеска процени дека штетата предизвикана од руската инвазија врз транспортната инфраструктура на Украина изнесува над 10 милијарди долари, што вклучува мостови, железнички пруги и аеродроми, пишува весникот Украинска Правда.
Кубраков истакна дека штетата може да се санира за две години, очекувајќи странска помош за реконструкција.
Извор: МИА