САД платиле над 100 милиони фунти за пристап до програмите на Велика Британија

Од:

Американската Влада во последните три години и платила најмалку 100 милиони фунти на британската разузнавачка служба Центар за владини врски, со цел да обезбеди пристап до програмите на Обединетото кралство за собирање разузнавачки информации, како и влијание врз нив, пишува лондонски „Гардијан“, повикувајќи се на нови документи откриени од Едвард Сноуден.

Тајните плаќања се објаснети во документите, кои „јасно покажуваат дека Американците очекуваат инвестицијата да им се врати, а британската разузнавачка служба треба да работи здраво за да ги задоволи нивните барања“, наведува весникот.

Од откриените документи, исто така, може да се види дека британската служба ги оценува слабите закони и регулаторен режим за следење во Велика Британија како нешто кое ја привлекло американската Национална безбедносна агенција.

– Финансирањето покажува колку се блиски односите меѓу британската и американската разузнавачка служба. Тоа може да предизвика опасност во зависност од тоа колку е силна позицијата на Вашингтон врз најголемата и најважна разузнавачка служба на Обединетото Кралство, како и дали зависноста на Велика Британија од американската Национална безбедносна агенција не станала премногу голема, коментира „Гардијан“.

Сноуден претходно предупреди за поврзаноста меѓу американската и британската разузнавачка служба, истакнувајќи дека двете агенции имаат подеднаква одговорност за развојот на техниките со кои се овозможува масовно следење и анализирање на интернет комуникацијата, пишува „Гардијан“.

Би можело да ве интересира

Мишел: Европа е подготвена да соработува со САД за поддршка на Украина

САД: Јавните обвинители побараа мирен трансфер на власта

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје