Еврото ослабе во однос на доларот на меѓународните пазари, откако шефот на Европската централна банка , Марио Драги, изјави дека клучните каматни стапки во еврозоната ќе останат ниски подолг период.
По оваа изјава еврото кратко падна на најниско ниво на 1,3196 долари.
Потоа се стабилизира на 1,3217 долари што значи загуба од 0,6 проценти во однос на вчера.
Вредноста на доларот зајакна во однос на јенот за 0,8 проценти.