Путин доби список на непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Од:

Путин побара од руската влада во рок од два дена да состави список на земји кои поддржаа санкции против Русија, а сега руската агенција РИА Новости објави дека списокот е направен.

„На списокот на непријателски странски земји, меѓу другите, се Австралија, Велика Британија, сите членки на Европската унија, Канада, Исланд, Лихтенштајн, Монако, Нов Зеланд, Сан Марино, САД, Сингапур, Тајван, Јужна Кореја, Андора, С. Македонија, Украина, Црна Гора, Швајцарија, Јапонија, Албанија, Норвешка…“, се вели во соопштението на руската влада.

Наводно, Путин наредил сите Руси кои имаат девизни обврски кон странските кредитори од списокот на непријателски земји тие обврски да ги плаќаат во рубљи.

Би можело да ве интересира

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски

Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Горан Наумовски

Патрушев: Украина ќе престане да постои