Париз негира дека побарал од Путин хуманитарни коридори кон Белорусија и Русија

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон не побарал од рускиот лидер Владимир Путин да отвори хуманитарни коридори кон Русија и Белорусија за Украинците кои бегаат од бомбардирањата, соопшти Елисејската палата, негирајќи го тврдењето на руските официјални лица.

Москва ги објави предложените патишта за бегство од Харков, Киев, Мариупол и Суми, откако Путин и Макрон разговараа вчера по телефон, нагласувајќи дека потегот бил преземен по „лично барање“ на Макрон.

Но, Елисејската палата соопшти дека не било поднесено такво барање, при што Макрон инсистирал на „почитување на меѓународното хуманитарно право, заштита на цивилното население и доставување помош“.

– Тоа значи дека мора да се организира заштита на цивилите и да се дозволи хуманитарен пристап, изјави денеска претставник на француското претседателство, кој побара да остане анонимен.

Украинската Влада ги отфрли понудите за безбедно преминување кон Русија, која ја започна својата инвазија пред речиси две недели, или до Белорусија, која и нуди на Москва терени за напади.

Повеќе од 1,5 милиони луѓе побегнале преку границите на Украина од почетокот на рускиот напад, според ОН, создавајќи ја најбрзо растечката бегалска криза од Втората светска војна.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Украина транспортирала околу 11,36 милиони тони руска нафта преку нафтоводот Дружба во 2024 година

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин

„Нуклеарна сила да му прави отстапки на Киев, тоа никој не го разгледува“, Медеведев за германското сценарио за Украина

Катерина Ѓуровски