Украина: Рускиот предлог за евакуација е „неморален“

Од:

Украина денеска потврди дека преговара со Русија за воспоставување хуманитарни коридори, но властите нагласуваат дека тие најверојатно нема да бидат воспоставени додека руските сили се обидуваат да напредуваат.

Киев, исто така, оценува дека предлогот на Русија за отворање хуманитарни коридори е „целосно неморален“ бидејќи Москва предложи на граѓаните да им биде дозволено да се евакуираат од украински градови во Белорусија или Русија.

Портпаролот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олексеј Арестович, рече дека на Украинците треба да им се дозволи да одат каде што сакаат, но препорача да не се евакуираат во Русија.

„Ова е целосно неморална приказна. Тие се граѓани на Украина, треба да имаат право да бидат евакуирани на територијата на Украина“, изјави портпаролот на Зеленски.

На барање на францускиот претседател Еманауел Макрон упатено до рускиот претседател Владимир Путин, руските оружени сили од 10 часот објавуваат прекин на огнот и отворање хуманитарни коридори од Киев, Мариупол, Харков и Сума, соопшти Меѓуресорниот координативен штаб за хуманитарна реакција во Украина.

„Земајќи ја предвид катастрофалната хуманитарна ситуација и нејзиното нагло влошување во градовите Киев, Харков, Сума и Мариупол, како и на лична молба на претседателот на Франција, Емануел Макрон до претседателот на Русија, Владимир Путин, руските оружени сили од хумани причини објавуваат прекин на огнот на 7 март 2022 година од 10 часот, како и отворање хуманитарни коридори“.

Во информацијта уште се додава оти контролата на излегувањето на населението од градовите руските сили ќе го надгледуваат со помош на дронови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Украина транспортирала околу 11,36 милиони тони руска нафта преку нафтоводот Дружба во 2024 година

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин

„Нуклеарна сила да му прави отстапки на Киев, тоа никој не го разгледува“, Медеведев за германското сценарио за Украина

Катерина Ѓуровски