Украинската армија соопшти дека руските сили се подготвуваат за напад врз Киев

Од:

Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека руските трупи се подготвуваaт за напад врз Киев.

Во билтенот објавен во раните утрински часови денеска, Генералштабот соопшти дека руските трупи имаат за цел да преземат целосна контрола врз градовите Ирпин и Буча, непосредно пред Киев. Руските трупи, исто така, „се обидуваа да обезбедат тактичка предност за да стигнат до источното предградие на Киев преку областите Броварски и Бориспил“, се вели во билтенот.

– Прилично голема количина на руска воена опрема и руски војници се концентрирани на приодите кон Киев, изјави советникот на Министерството за внатрешни работи Вадим Денисенко за украинската телевизија.

– Разбираме дека битката за Киев е клучна битка што ќе се води во наредните денови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

Киев ја спушта границата, во војна од 18 години

А1он

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он

Руско МНР: Москва е против замрзнување на конфликтот во Украина

А1он

ВИДЕО: Присилна мобилизација во Украина, војната нема да се реши за сто дена

А1он

Трамп, не играј си ултиматуми со Русија

А1он