Американ Експрес ги суспендира операциите во Русија и Белорусија

Од:

Американската финансиска компанија Американ Експрес (American Express) го суспендираше обезбедувањето услуги во Русија и Белорусија. Ова се наведува во соопштението на компанијата, објавено денеска на нејзината веб-страница.

Како што се нагласува во соопштението, во светло на тековниот, неоправдан напад на Русија врз народот на Украина, Американ Експрес ги суспендира „сите операции во Русија“. „Како резултат на тоа, картичките American Express издадени ширум светот повеќе нема да функционираат во банките и банкоматите во Русија“, се објаснува во соопштението.

Покрај тоа, „картичките издадени во Русија нема да функционираат надвор од земјата“.

„Исто така, ги запираме сите деловни операции во Белорусија“, нагласија од компанијата.

Вчера меѓународните платежни системи Visa и Mastercard истовремено одлучија да ја суспендираат својата работа во Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Украина транспортирала околу 11,36 милиони тони руска нафта преку нафтоводот Дружба во 2024 година

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин

„Нуклеарна сила да му прави отстапки на Киев, тоа никој не го разгледува“, Медеведев за германското сценарио за Украина

Катерина Ѓуровски