Ниту денешниот обид за организирање хуманитарен коридор од Мариупол не успеа, а проруските сепаратисти и украинската национална гарда меѓусебно се обвинуваат за кршење на првиременото примирје.
Телевизијата Украина 24 објави изјава на борец на Националната гарда Азов кој тврди дека проруските сили го обиколиле градот во кој има 400 илјади жители и не престанале со гранатирање.
Агенцијата Интерфакс цитираше претставник на сепаратистичката администрација од Донецк кој ги обвини украинските силидека не го почитувале ограничениот прекин на огнот.
Тој изјавил дека само околу 300 луѓе го напуштиле градот. Укрианските власти претходно информираа дека планираат да евакуираат околу 200 илјади луѓе.