Во видео кое го пренесе Си-ен-ен, а кое вчера беше објавено на социјалните мрежи се гледа комплено уништена фабрика за тенкови во Житомир, место на околу 140 километри од Киев.
Си-ен-ен тврди дека ја проверил автентичноста на видеото кое прво беше објавено на Телеграм.
Ukrainian Tank factory demolished by Russian missiles in Zhitomir pic.twitter.com/lFOzgMXWDN
— ASB News / MILITARY〽️ (@ASBMilitary) March 5, 2022
Во видеото се гледа како украински војници ја проверуваат штетата во фабрката и изгледа дека еден од нив раскажува како преживеале затоа што голе дел од објектите во фабриката биле уништени.
„Да ти кажам искрено, денеска навистина се исплашивме“ – вели војникот.
Житомир во последните неколку дена е под силни руски напади.