Руските војници ја презеле контролата на воена база на оружените сили на Украина во близина на селото Раденск во областа Херсон објави руското Министерство за одбрана.
„Украинската војска набрзина ги напушти позциите и ја остави базата со опрема, оружје и муниција. Меѓу трофеите пронајдени во неа се и тенкови Т-64 и Т-80, оклопни транспортери, борбени возила и возила Урал. На неколку метри од паркингот има голем хангар. Во него е складиштето за муниција, мини, противтенковски ракети, минофрлачки и тенковски гранати“ – се вели во објавата на руското министерство.
Спред руската страна базата можела да прими околу четри илјади војници, а биле пронајдени повеќе од 4,5 илјади тони муниција.