Градоначлникот на Киев, Виталиј Кличко посети една од болниците во главниот украински град.
„Пријатели ! Драги жители на Киев! Киев продолжува да живее и да работи и во вонредна состојба. Критичната инфраструктура на градот функционира непречено. Метрото работи ограничено и е засолниште за жителите“ – вели Кличко.
Тој информира дека се отворени сите болници и родилиштата во градот, а лекарите се на должност.
„Денеска посетив една киевска болница. Разговарав со лекарите и имаат се што им е потребно. Разговарав со пациентите“ – рече Кличко.
Кличко раскажа дека се сретнал и со возач на Брза помош кој настрадал додека помагал на пациент.
„Нашите лекари се херои. Подготвени сме да го браниме Киев и да ги спасуваме животите и здравјето на луѓето. Да останеме заедно. Слава на Украина!“ – вели Кличко.