ВИДЕО: Голем протест на жителите на Херсон

Од:

Масовен мирен собир почна на Плоштадот на слободата, во центарот на градот Херсон, во близина на зградата на регионалната државна администрација заземена од руските воени сили, јави Укринформ.

Дементиј Били, шеф на регионалниот огранок на Комитетот на гласачи на Украина, објави видео од митингот на Фејсбук.

Од снимката се гледа дека плоштадот е целосно исполнет со жители на Херсон кои држат украински знамиња и извикуваат „Херсон е Украина!“.

Жителите на Херсон и вчера одржаа митинг против агресорот и одбија да ја земат крвавата „хуманитарна помош“ на непријателот, наведе Укринформ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски